Најдоброто од Виничка Кршла

KRŠLA
VINEYARDS

Во непосредна близина на Виница во источниот дел на Македонија под нежните сончеви зраци се распослани селата Виничка Кршла, Црн Камен и месноста Бел Камен.

KRŠLA VINEYARDS

Макпрогрес доо Виница е интернационална компанија која својата сила ја црпи во регионот во кој е основана.

Во непосредна близина на Виница во источниот дел на Македонија под нежните сончеви зраци се распослани селата Виничка Кршла, Црн Камен и месноста Бел Камен.

Овој географски триаголник има идеална надморската височина, климатски услови, поволна почва и преку 300 сончеви денови во годината што го прават регионот на Виничка Кршла еден од најповолните региони за одгледување на Винова лоза. Од изгрејсонце до зајдисонце лозјата Кршла буквално целодневно се капат во сончевите зраци.

       Многу врвни лозарски и вински специјалисти знаат за овој регион и врвниот квалитет на лозјата во Виничка Кршла но досега овој регион беше непознат за конзументите. Макпрогрес како водечка локална компанија го актуелизира овој регион како еден од врвните лозарски и вински региони и со пласирањето на вината Кршла го носи вкусот на овој регион до најпребирливите уживатели во виното.

БЕЛ КАМЕН

   БЕЛ КАМЕН е перфектно куве суво бело вино добиено од сортите грозје Темјаника, Жилавка и Мускат. Ова вино се одликува со сламено-жолта боја со зеленкасти нијанси и изразени мускатно-цветни ароми. Има полно тело со богат вкус кој продолжува со мека и пријатна завршница. Го препорачуваме разладено на 10-12°C. Идеално е за со јадења од бели меса, риба, тестенини, разни видови на сирења, колачи или послужено како аперитив.

ЦРН КАМЕН

   ЦРН КАМЕН е суво црвено вино добиенo од сортата грозје Вранец. Ова вино се одликува со прекрасна рубин црвена боја и овошни ароми на слива и шумски црвени бобинки. Има полно тело, со балансирана екстрактна и танинска структура која финишира со кадифена завршница. Го препорачуваме да се сервира на температура од 16-18°C. Идеално во комбинација со печења, црвени меса на жар или тестенини.

ЛЕГЕНДА ЗА ВИНИЦА​

Дека Виница и околината се лозарски крај уште од дамнешни времиња вели и една интересна легенда по која градот Виница го има добиено своето име а е поврзано со куќата ѕидана со Вино:

Некогаш, голем дел од околината на денешна Виница бил покриен со винова лоза. Една година зафатила голема суша. Земјата испукала, реките и изворите пресушиле. Добитокот почнал да умира од големата суша и горештина. Во таа сушна година лозјата родиле како никогаш претходно. Луѓето немале доволно садови да го соберат грозјето и виното. Таа година еден виничанец по име Захариј градел куќа, ама немало вода за правење малтер, и бидејќи ја брзал изградбата на куќата, им наредил на мајсторите да ги земат бочвите со вино од визбите и да ги измешаат со малтерот и на тој начин да ја завршат куќата. Мајсторите ем пиеле вино, ем со виното правеле малтер. И другите луѓе во населбата на истиот начин почнале да го користат виното за правење малтер. Веста за правењето на малтерот со вино брзо се проширила низ населбата и целата околина и по тој настан населбата ја завикале Виница.  

Цитати за виното

„Виното е едно од најцивилизираните работи и едно од најприродните работи на светот, кое е доведено до најголемото совршенство и нуди поголем спектар на задоволство и ценење од која било друга чисто сетилна работа.“

„Виното е најздравиот и најхигиенскиот пијалак.“
- Луј Пастер
„Виното ги прави сите нешта возможни.“
– Џорџ Р. Р. Мартин
„Виното е постојан доказ дека Господ нѐ сака и дека сака да нѐ гледа среќни.“
- Бенџамин Френклин
MK