
Дознајте повеќе
за нас
Макпрогрес доо Виница е интернационална компанија која својата сила ја црпи во регионот во кој е основана.

Географскиот триаголник Виничка Кршла, Црн Камен и месноста Бел Камен, со идеална надморска височина, климатки услови, поволна почва и преку 300 сончеви денови во годината е еден од најповолните региони за одгледување на Винова лоза.


Многу врвни лозарски и вински специјалисти знаат за овој регион и врвниот квалитет на лозјата во Виничка Кршла но досега овој регион беше непознат за конзументите. Макпрогрес како водечка локална компанија го актуелизира овој регион како еден од врвните лозарски и вински региони и со пласирањето на вината Кршла го носи вкусот на овој регион до најпребирливите уживатели во виното.



Макпрогрес доо Виница
Неколку зборови за компанијата
Макпрогрес доо е успешна интернационална компанија, лоцирана во источниот дел на Македонија. Од мал семеен бизнис основан во 1990 година, Макпрогрес прерасна во еден од водечките производители на кондиторски производи во југоисточна Европа со извоз во повеќе од 55 земји во светот.
Одбрани Македонски сорти на грозје, кои ги нема во други држави: Црн Камен е вино од сортата Вранец а Бел Камен е купажа на вина од сортите Темјаника, Мускат и Жилавка – сорти карактеристични за нашиот регион.
Внимателно избрано винско грозје од Кочанско-Виничкиот вински регион кој се наоѓа во Овчеполското виногорје.
Нов неоткриен вкус, вкус на старата легенда за Виница